Македонија е една од последните големи, неоткриени дестинации во Европа – рај исполнет со планини, езера и реки, природни чуда, ендемска флора и фауна, уникатни културни богатства, легенди и приказни стари илјадници години.
Ќе останете воодушевени од македонската храна, која ќе ги разбуди сите ваши сетила – ретко каде во светот може да се најдат производи со толку автентичен и богат вкус. Македонија е многу повеќе од тоа што се гледа на прв поглед; нејзините градови, мали места и села сè уште се недоволно истражени од туристите или се сметаат за дестинации во подем.
Без разлика од каде доаѓате, Македонците се луѓе кои секогаш ќе ве пречекаат со топла насмевка и отворено срце.
Погледнете ги овие онлајн статии кои ја истакнуваат Македонија како една од најмалку откриените, но и најбрзо растечки дестинации во Европа: