social image

Tим билдинг

ЗГОЛЕМЕТЕ ГО ТИМСКИОТ ДУХ

Тим билдинг програмите се најефективен начин за зголемување на тимскиот дух – било како награда за постигнување или како решение за одреден предизвик. Нашето искуство покажува дека инвестирањето во тим билдинг носи долгорочни резултати во форма на продуктивни и задоволни вработени, со мотивација за заедничка работа и споделување вредности.

Вие не сакате само успешен настан. Вие сакате резултат што ќе биде извонреден, што ќе ја засени конкуренцијата и ќе ги остави учесниците да посакуваат повеќе.

Па, што треба да се земе предвид при планирање на корпоративен настан за да го постигнете сето тоа?

Забава, информативност, тимска поврзаност и зајакнување на брендот!

Ние посветуваме време да го запознаеме вашиот тим и да ви понудиме најсоодветни активности со автентични искуства. Без разлика дали сакате да им се заблагодарите на вработените и да ги поддржите колегите, или да се фокусирате на унапредување на комуникацијата и градење доверба во тимот – ние сме тука да ви помогнеме да креирате моќна програма што ги адресира сите ваши цели.

Дозволете ни да дизајнираме програма што ќе го извлече максимумот од потенцијалот на вашиот тим!
Ако сакате да го енергизирате, мотивирате или инспирирате вашиот тим, нудиме тим билдинг настани со докажани резултати и клучни придобивки за вашата компанија.

Едукација и Искуство преку Вклучување и Забава.

Во текот на годините исполнети со проекти и искуства, внимателно ги бележевме моментите што ги инспирираа и мотивираа нашите клиенти. Така ја развивме нашата препознатлива формула – 4E – активности фокусирани на Едукација и Искуство (Education and Experience), преку Вклученост и Забава (Engagement and Entertainment).

Решенија што влијаат на однесувањето, поттикнуваат напредок и позитивно делуваат врз учесниците.

Со задоволство би ја споделиле со вас!

Натпреварувачки Тимски Активности

Доживејте едно поинакво динамично искуство со нашите тимски активности создадени да го разбудат натпреварувачкиот дух. Вклучете го вашиот тим во интерактивни предизвици кои инспирираат, мотивираат и ја зајакнуваат соработката помеѓу вработените. Уживајте во креативни тематски авантури, инспирирајте се еден со друг и натпреварувајте се за престижната главна награда.

Зајакнете ја тимската синерија со нашите динамични и инспиративни активности.

Придружете ни се и ослободете го натпреварувачкиот дух во вашиот тим уште денес!

  • Корпоративни олимписки игри
  • Escape сценарија
  • Винска олимпијада
  • Зимска олимпијада
  • Пивска олимпијада

Иновативни и Колаборативни Тимски Активности

Запловете во иновативни тимски авантури каде што соработката е клучна. Од преживување на пуст остров до истражување на вселената, или изработка на картонски тркачки автомобили – нашите активности го поттикнуваат креативното размислување и тимската синергија.

Доживејте вистинско тимско поврзување – каде што секој има своја улога, а сите заедно доаѓаат до решенија.

Придружете ни се и редефинирајте ја тимската соработка уште денес!

  • Survivor – Робинзон Крусо
  • Формула 1
  • Големата Слика
  • Тимска Пирамида

Истражувачки авантури и мисии

До неодамна, животот во хармонија со природата беше нашата секојдневна реалност. Денешните авантури за откривање ви нудат ретка можност да се поврзете со тие корени, да излезете од вашата комфор зона, да ги тестирате вашите граници, да го зајакнете тимскиот дух, да совладате практични вештини за преживување и да изградите поголема самодоверба.

Придружете ни се на тимска авантура каква што нема да заборавите!

  • Потраги по богатство и урбани мисии
  • Планинарење и ориентација
  • Јавање коњи
  • Авантури на вода
  • Авантури на тркала

Контактирајте не

Дозволете ни да дизајнираме програма што ќе го извлече максимумот од потенцијалот на вашиот тим!

Отворени сме за нови предизвици – не двоумете се да не контактирате!

Име и Презиме*
Е-пошта*
Телефон*
Број на учесници*
Раскажете ни повеќе
*