Добредојдовте во Скопје – главниот град и срцето на Република Македонија. Град со повеќе од 2000 години традиција, каде што се преплетуваат антички, средновековни и османлиски влијанија, создавајќи унитарен историски и културолошки мозаик. Денес, Скопје е модерен центар и водечко седиште на политичкиот, економскиот, образовниот и културниот живот во земјата. Скопје нуди незаборавно искуство за своите посетители – вкусна традиционална храна, гостопримливи домаќини, бројни културни и историски знаменитости, прекрасна околина и воодушевувачка природа.
Посетете ја македонската престолнина, истражете ја природната убавина на Кањонот Матка и доживејте ја магијата на овој динамичен и инспиративен град.