Подгответе се за незаборавна авантура во Охрид – град на вековна историја и бисер под заштита на УНЕСКО. Истражете еден од најстарите и најзначајни градови во Европа, каде што секој камен раскажува приказна од античкото и средновековното минато. Вашата група ќе се соочи со добро осмислени и персонализирани предизвици и загатки, кои ќе ве поведат на патување кое ги обединува природните богатства и културно-историското наследство. Тимската работа и ентузијазмот ќе бидат клучот до успехот, создавајќи спомени и врски кои ќе траат цел живот.
Со својата уникатна локација, историска архитектура, културни знаменитости и природна убавина, Охрид претставува една од најпосетуваните туристички дестинации во Македонија. Како еден од најстарите градови во Европа, Охрид бил центар на античката цивилизација и средновековната православна култура. Охридското Езеро, најстарото на Балканот, со својата уникатна флора и фауна стара милиони години, претставува едно од најзначајните биолошки резервати во Европа. Во 1980 година, и градот и езерото се впишани на Листата на светско природно и културно наследство на УНЕСКО.