social image

Инсентив патување во Крушево

Сместен на 1.300 метри надморска височина, Крушево е највисокиот град во Македонија и вистински скриен бисер, каде што недопрената планинска природа се среќава со уникатна архитектура. Овој неповторлив амбиент создава совршена атмосфера за незаборавна авантура.

Калдрмите, шарените куќи од 19ти век и децениската занаетчиска традиција го покануваат секој посетител да направи чекор наназад во времето. Без разлика дали ве привлекуваат културата, авантурата, мирот, гастрономијата или историјата, Крушево може да го задоволи сечиј вкус.

Карактеристики и услуги

За незаборавни искуства

ТРАЕЊЕ

2 ноќевања / 3 дена
ПОЧЕТОК И КРАЈ

Македонија – Аеродром Скопје
ПЕРИОД

Април – Ноември

ДЕН 1
 

· Потрага по богатство низ Крушево​: Започнете го денот со авантуристичка потрага по богатство низ улиците на Крушево. Истражете ги културните и занаетчиските вредности на градот преку уникатни попатни станици и предизвици како посета на традиционален дуќан за изработка на буриња, стрелање со воздушна пушка и учење на оригиналниот рецепт за подготовка на локум. Истовремено откривајќи културни знаменитости како Галеријата на Никола Мартиноски и спомен куќата на Тоше Проески.

· Ручек во Крушевска Одаја: Сместен во близина на спомен куќата на Тоше Проески, овој етно-ресторан нуди автентичен вкус на домашно подготвени јадења, опкружени со топлина, традиција и македонска гостопримливост.

· Попладневна активност (по избор)

· Параглајдинг од Мечкин Камен: За најхрабрите – или како награда за победниците од потрагата – следува незаборавен лет со параглајдер над величествената Пелагонија. Крушево е едно од водечките локации за параглајдинг на Балканот и нуди спектакуларни панорами и адреналинско искуство.

· Приватна забава: Караоке патување низ времето Завршете го денот со весела и тематска приватна забава, инспирирана од хитови низ различни децении – вечер исполнета со смеа, музика и заеднички моменти.

ДЕН 2
 

· Авантуристички Парк – Крушево: Тестирајте ги границите на својата храброст во Авантуристичкиот Парк – совладајте ја висечката градина, натпреварувајте се со „chopper“ трицикли по скијалиштето Станич и уживајте во спуст со зиплајн низ прекрасната природа. Сето тоа – под будно око на професионални инструктори кои се грижат да имате безбедна и возбудлива авантура.

· Ручек во Алто – Бачило: Одморете се во планинското прибежиште Алто сместен веднаш до авантуристичкиот парк. Во пријатна планинска атмосфера, ќе бидете послужени со локални специјалитети кои несомнено ќе ви ги скокотнат сите сетила.

· Попладневни активности (по избор)

· Велосипедска тура низ КрушевоЗа оние што преферираат активности „на сигурно тло“, следува релаксирачка тура со велосипед низ борови шуми, цветни пасишта и живописни патеки – совршена за сите нивоа на кондиција и идеална за истражување на природата во сопствен ритам.

· Јавање коњи низ природаИстражете ги величествените патеки за јавање кои поминуваат низ мирни борови шуми и пространи планински видици. Без разлика на искуството, јавањето нуди спокоен начин за поврзување со природата и уживање во крушевските пејзажи.

· Релаксација во СПА – Хотел Монтана ПаласЗа оние што бараат потполна релаксација, СПА центарот на Хотел Монтана Палас нуди масажи и третмани за ослободување од напнатост и враќање на енергијата – идеален завршеток на планинското уживање.

ДЕН 3
 

· Заминување
 

2 ноќевања / 3 дена
Македонија – Аеродром Скопје
Крушево

Заедно можеме да создадеме исклучително искуство во кое вашите клиенти ќе уживаат!