Шар Планина е величествен предел каде бескрајните зелени пасишта, природните извори и упадливите врвови се споени во една магична унитарност. Позната по својата богата биолошка разновидност и восхитувачки пејзажи, ова е место е дар на природата. Традиционалните бачила кои се наоѓаат по падините го чуваат вековниот начин на планински живот, додека кристално чистите реки и скриените водопади носат мир и освежување.
Без разлика дали ќе ги истражувате патеките пеш, со коњ или со џип, Шар Планина ви открива мозаик од недопрена природа и културно наследство. Земја каде секој здив носи мирис на билки, секој поглед е панорама, а секое патување остава траен спомен.