10 од најдобрите алтернативни европски градови за викенд-патувања

Охрид е „крајбрежниот“ град на копнената Македонија. Стариот град се спушта по ридот до бреговите на Охридското Езеро, каде што ќе најдете шеталишта и плажи. Калдрместите улички се исполнети со цркви и традиционални куќи, а на врвот на ридот се наоѓа Самуиловата тврдина. Меѓу архитектонските знаменитости се вбројуваат и 2.000 години стариот амфитеатар, како и фотогеничната црква „Св. Јован Канео“ од 13 век, сместена на карпа над езерото.

По прошетката низ градот и крајезерскиот брег, тргнете на бродска тура до манастирот „Св. Наум“ и блиските извори; нуркајте кај заливот на Коските – подводна археолошка локација; или пак пешачете низ планините на Националниот парк Галичица. Назад во градот, уживајте на терасата на Летна Бавча Канео каде што можете да пробате пржена плашица (мала риба што се јаде цела, слична на белица). За пијалак, посетете некое од крајбрежните барови како Ovreche и Cuba Libre, или пак поалтернативни места како Jazz Inn.

Каде да се сместите: Sunny Lake Hostel (кревети од 10 евра) располага со градина и поглед кон езерото; Villa Arte (двојни соби од 40 евра) нуди 18 минималистички уредени соби и уметнички дела од македонскиот надреалист Васко Ташковски.

Како да стигнете:

Wizz Air лета од Лондон Лутон до Охрид до крајот на октомври, со повратни билети од само 40 фунти.

https://www.theguardian.com