Македонија – едно од најнеоткриените богатства на Европа

Оваа копнена држава во срцето на Балканот претставува едно од најнедоволно истражените и највредни дестинации во Европа. За љубителите на историјата, Македонија е вистинска ризница – со повеќе од 2.000 години влијание од Римската, Византиската и Османлиската империја. Земјата изобилува со прекрасни православни цркви, древни манастири и османлиски џамии. Не е реткост во ист ден да се слушне и црковно ѕвоно и муслимански повик на молитва – симбол на вековен соживот.

Главниот град Скопје, родното место на Мајка Тереза, е полн со фонтани, споменици, импозантна тврдина и Старата скопска чаршија, која се крие низ тесните калдрмести улички и го одржува духот од минатото.

Селската околина околу градот нуди фасцинантни примери на средновековна религиозна уметност, а уште подалеку – националните паркови во планините преставуваат рај за љубителите на природата, планинарењето и авантуризмот.

Македонската кујна е мешавина од европски, турски и словенски вкусови, збогатена со локални зачини и билки. Низ пејзажот се распослани овчарски фарми, лозја и овоштарници, кои ѝ даваат на храната посебен вкус и свежина. Современите Македонци се мирољубиви, среќни и гостопримливи луѓе. Слично како и во Босна, патувањето овде е доста поевтино во споредба со другите европски земји – што ја прави дестинацијата уште поатрактивна за истражување.

Поврзани блог статии